Дома Фудбал Англија Поништен црвениот картон на Сон за стартот над Гомеш

Поништен црвениот картон на Сон за стартот над Гомеш

Тотенхем денес добри вести – поништен е црвениот картон на Сон кој го доби неделата против Евертон.

Ќе потсетиме, Кореецот ненамерно придонесе за тешка повреда на Андре Гомеш во 78-та минута. Португалецот во тој дуел заработи скршеница на скочниот зглоб и многу веројатно за него оваа сезона е завршена.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Главниот судија Мартин Еткинсон прво му покажа жолт картон на Сон, но пото го смени мислењето и поради тежината на повредата на Гомеш му покажа директен црвен картон. Од Тотенхем се жалеа на оваа одлука и добија позитивен одговор.

Веројатно во одлуката за поништување на црвениот картон голема улога одигра и реакцијата на Сон кој вознемирен и во солзи го напушти теренот.

Сон ќе може да настапи веќе во сабота кога Тотенхем ќе игра против Шефилд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Англичаните стравуваат: Кејн се мачи со повреда пред Европското првенство

Напаѓачот на англиската репрезентација и Баерн Минхен Хари Кејн (30) мака мачи со повреда …