Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни осум натпревари.
Бруклин Нетс го запишаа четвртиот пораз оваа сезона, овој пат беа поразени на гостувањето кај Детроит.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Иако ослабени за неиграњето на неколку важни играчи, пред се на Блејк Грифин, Пистонси успеаа да победат. Конечниот резултат на крајот гласеше 103:99.
Нетси во третата четвртина имаа предност од дури 14 поени, но домаќините успеаа да дојдат до пресврт и до втор триумф во низа на домашен паркет. Клучна беше серијата од 39:12, одличен настап имаше и Андреа Друмонд кој натпреварот го заврши со 25 поени и 10 скокови.
Кајри Ирвинг натпреварот го заврши со трипл-дабл и учинок од 20 поени, 11 скока и 10 асистенции, но тоа на Нетси не им беше од големо значење.
Најдраматично беше во Портланд каде што домаќинот и покрај тоа што имаше предност од 21 поен запиша пораз од Филаделфија со резултат 128:129. Поенот за победа за гостите го постигна Фуркан Коркмаз.
Нов пораз, трет во низа запишаа Голден Стејт. Шарлот беше подобар од Вориорсите со резултат 87:93. Најдобри поединци на овој натпревар беа Бакон и Пашал со по 25 поени.
Денвер на гости кај Орландо стигна до победа од 87:91. Никола Јокиќ за Денвер на оваа средба уфрли 20 поени и додаде седум скока и четири асистенции. Најефикасен натпреварот беше Црногорецот Вучевиќ со 24 поени, седум скока и две асистенции.
НБА Резултати:
Портланд – Филаделфиј 128:129
Детроит – Бруклин 103:99
Милвоки – Торонто 115:105
Голден Стејт – Шарлот 87:93
Мемфис – Феникс 105:114
Вашингтон – Минесота 109:131
Орландо – Денвер 87:91
Оклахома – Њу Орлеанс 115:104