Дома Фудбал Италија Удинезе прими 11 гола на два натпревари, Тудор доби отказ – Нестор добива нов тренер

Удинезе прими 11 гола на два натпревари, Тудор доби отказ – Нестор добива нов тренер

Хрватскиот тренер Игор Тудор го напушти кормилото на Удинезе, откако во претходниот период имаше серија на неколку лоши резултати.

Екипата привремено ќе ја тренира Лука Готи, кој денеска го има првиот тренинг со италијанскиот тим.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Удинезе најави дека ќе се раздели со Тудор, како и со неговиот прв помошник Јурица Вучко“, пишува во соопштението на клубот.

Удинезе под водство на Тудор прими 11 голови во последните две средби. Најпрво беше поразен од Аталанта со 1-7, а потоа и од Рома со 0-4.

Исто така, „црно-белите“ постигнаа само пет гола на десет меча, па тие се најмалку ефикасен тим во Серија А и мораше нешто да се промени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Трамп за учеството на Иран на Мундијалот 2026: Не мислам дека е паметно да бидат тука

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека иранскиот фудбалски тим е добредо…