Дома Фудбал Италија Маркизио ја опиша драмата во неговиот дом: Се плашев за мене и сопругата

Маркизио ја опиша драмата во неговиот дом: Се плашев за мене и сопругата

Поранешниот фудбалер на Јувентус, Клаудио Маркизио доживеа вистинска драма во својот дом во Торино.

Домот на Маркизио бил мета на четворица маскирани крадци кои впериле пиштоли и побарале поранешниот фудбалер и неговото семејство да им го дадат целиот накит и пари кои ги имаат во домот, тоа Маркизио и го направил.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Овој настан се случил во вторникот околу 21:30 часот кога Маркизио и сопругата се подготвувале да излезат од својот дом. Полицијата се уште трага по сторителите.

Во шок од она што се случило е и самиот Маркизио.

„Вперија пиштоли во нас, тоа беше навистина лошо искуство затоа што никогаш претходно во животот не сум бидел вистински пиштол. За среќа бевме мирни. Не прашаа каде ни е сефот, им кажав дека немаме, но не ми веруваа. Јас навистина немам сеф во домот“.

„Во тој момент земаа се што можеа. Се плашев за себе и сопругата. Му благодарам на Бог што децата во тој момент не беа дома, имаа тренинг“, изјави Маркизио за италијанските медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…