Дома Фудбал Дик Адвокат има нова работа

Дик Адвокат има нова работа

Екипата на Фејнорд во продолжение на сезоната ќе ја води искусниот холандски тренер Дик Адвокат, соопштија од клубот.

Во новата сезона Фејнорд не игра најдобро, а одговорноста за лошите резултати ги презема поранешниот дефанзивен фудбалер Јап Стам кој во меѓувреме доби и наследник.

Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите


Како што и официјално е потврдено, тоа ќе биде 72-годишниот Дик Адвокат, за кој ова е прв ангажман откако замина од Утрехт на крајот од минатата сезона.

„Кога тренер како Адвокат е слободен и спремен да помогне, не мора многу да размислувате.“ – изјави директорот на Фејнорд, Труст.

Низ богатата кариера Адвокат веќе имаше Прилика да го води Фејнорд, а помеѓу останатите ги предводеше уште ПСВ, Фенербахче, Борусија Менхенгладбах, Глазгов Ренџерс, Зенит…Исто така, беше селектор на репрезентациите на Србија и Холандија.

Адвокат со Фејнорд потпиша договор до крајот на актуелната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер го насочи вниманието кон италијански репрезентативец како наследник на Зомер

Интер го идентификувал Гулиелмо Викарио од Тотенхем како можен наследник на нивниот прв го…