Дома Топ вести Реал Мадрид победи, Лука Јовиќ конечно постигна гол (ВИДЕО)

Реал Мадрид победи, Лука Јовиќ конечно постигна гол (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал Мадрид вечерва го победија Леганес со 5:0 во рамките од 11-то коло на Ла Лига.

„Кралевите“ конечно одиграа еден одличен натпревар во кој можеа дури да постигнат и повеќе голови, но тренерот Зинедин Зидан сигурно ќе биде и вака задоволен.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Голеадата ја отвори Бразилецот Родриго во 7-та минута. Само минута подоцна Тони Крос зголеми ан 2:0.

До крајот на првиот дел Реал постигна уште еден гол и тоа преку Серхио Рамос кој беше прецизен од белата точка.

Во продолжението Реал малку успори, меѓутоа постигна два гола. Стрелци на овие голови беа Карим Бензма и конечно Лука Јовиќ.

Реал со овој триумф се врати на второто место во Ла Лига со 21 освоен бод.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Де Ла Фуенте за драмата со Јамал: Вакво нешто првпат ми се случува, не ми баш нормално!

Тренерот на шпанската репрезентација, Луис де ла Фуенте, го изрази своето незадоволство по…