Карабао Купот секогаш носи повеќе „магла“ и нејаснотии кога станува збор за следење на новостите во тимовите.
Но се чини поголема веројатност е дека Арсенал ќе биде оној тим кој повеќе ќе личи на себе, отколку Ливерпул ( тука мислиме на почетните единаесет ).
На Емери му требаат резултати
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Со зголемен притисок врз Унаи Емери, тој сепак не може туку така да си дозволи еден од поразите да биде и на „Енфилд“ на што веќе се навикна во Арсенал – тие веќе загубија со 3:1 во Премиер лигата оваа сезона.
Следниот натпревар за Арсенал во домашната лига и тоа против Вулвс следи во сабота, а Арсенал ќе биде домаќин. Тој меч е важен за тимот, а по него веднаш ќе следува гостување во Лигата на Европа кај Гимараеш во Португалија. Со победа на тој меч, Арсенал ќе обезбеди следна фаза, а тоа е целта на Емери за потоа да може да ротира уште повеќе.
Дури и ако Емери реши да изостави голем број на ѕвезди на овој меч со Ливерпул, тогаш резервните играчи на Арсенал сега се добро прилагодени откако одиграа неколку мечеви во Лигата на Европа, а добро се покажаа и оние најмладите.
Неколку од тие играчи сега оставаат впечаток и во првиот тим, пред се Вилок и Сака. На кратко, тие се навикнати да играат и да победуваат заедно.
Истото не може да се каже за резервните играчи на Ливерпул или нивните младинци кој многу поретко добиваат шанса во првиот тим.
Резервите и младинците на Ливерпул немаат искуство како оние во Арсенал
Јурген Клоп нема иста можност да ги форсира младите како што тоа го прави Емери, со тоа што неговиот клуб е во Лигата на шампионите. И кога тој ќе им даде шанса во некои полесни мечеви честопати не успева да добие дивиденди.
Ливерпул загуби кај Вулвф со младешки тим во минатогодишниот ФА Куп. Годинава пак во последното коло од ова натпреварување го победи МК Донс, но не успеа вистински да убедат дека тропаат на вратата на првиот тим. Голманот им го подари водството, а МК Донс имаше неколку одлични шанси да израмни пред на крајот да загуби со 2:0.
Голманот Келехер кој го играше тој меч како и Ки-Јан Хоевер кој постигна гол, нема да можат да настапат на овој меч. Но шанса можат да добијат тинејџерите Харви Елиот, Рајан Брустер и Куртис Џонс и покрај тоа што веројатно Клоп нема да ризикува како против МК Донс.
Тешко дека Клоп пак ќе ризикува со Вирџил ван Дијк, Мо Салах и Матип по неодамнешните мали повреди, додека исто така ова изгледа како идеална можност за Садио Мане кој играше буквално цело лето да се одмори. Нешто слично важи и Енди Робертсон кој играше постојано оваа сезона досега.
Во крајна линија Карабао Купот е најнизок приоритет на списокот на Клоп сезонава. Да, тој ќе ги има Џо Гомез, Адам Лалана и Алекс Окслејд-Чемберлен, но тоа ќе биде тим со мало искуство во играње заедно, нешто што Емери ќе го нема како проблем. Затоа ме чуди коефициентот за победа на Арсенал кој се движи околу 3.60.
Наш предлог:
Нерешено или победа на Арсенал @ 1.93 во 1хBet
Двете екипи да постигнат гол @ 1.50 во 1хBet