Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни три натпревари.
Лос Анџелес Лејкерси ја запишаа третата победа во сезоната совладувајќи го Мемфис и тоа убедливо.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Лејкерси славеа пред своите навивачи против Мемфис со резултат 120:91 и така му го нанесоа третиот пораз на Мемфис сезонава.
Гризлите беа подобри во првата четвртина, имаа пет поени предност после тој дел од натпреварот, но следуваше катастрофална втора четвртина во која Мемфис уфрли само 15 поени. Не отскокнаа многу Лејкерси во тој дел, уфрлија само 22 поени, но тука преминаа во водство.
Ако се извлекоа во втората четвртина не им успеа во третата. Тука на 20-те поени на Мемфис домаќините одговорија со 39 и натпреварот веќе беше решен, остануваше да се види само со колкава разлика.
Ентони Дејвис доминираше со 40 поени и 20 скока. Дејвис така стана првиот играч на Лејкерси со 40 поени и 20 скока за три четвртина во последните 16 години Леброн натпреварот го заврши со 23 поени, два скока и осум асисстенции.
Кај Мемфис најдобар беше Јонас Валанчиунас со 14 поени и 11 скокови.
Во пресметката на Денвер и Далас која го донесе балканскиот дуел помеѓу Јокиќ и Дончиќ се радуваше Словенецот. Далас на гости запиша триумф со 106:109.
Лука Дончиќ на овој натпревар не беше премногу „кошгетерски“ расположен и оствари учинок од 12 поени, четири скока и пет асистенции. Всушност на оваа средба кај Далас никој не се истакна премногу и дури девет играчи имаа постигнато двоцифрен број на поени. Најефикасни беа Клебер и Хардвеј со по 14.
Кај Денвер Јокиќ оствари дабл-дабл и беше на чекор од трипл-дабл. Српскиот центар натпреварот го заврши со по десет поени и скокови и девет асистенции. Во редовите на Денвер најмногу поени постигна Милисап (23).
Во третиот натпревар Мајами славеше против Атланта со 112:97.