Дома Фудбал Англија Се сеќавате ли кога Ливерпул последен пат беше поразен во ПЛ на Енфилд?

Се сеќавате ли кога Ливерпул последен пат беше поразен во ПЛ на Енфилд?

Фудбалерите на Ливерпул формата од претходната сезона ја пренесоа и во новата, каде се лидери на табела во ПЛ.

Претходната сезона ја освоија титулата во ЛШ, а титулата во ПЛ им избега за еден бод.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Оваа сезона фуриозно тргнаа и во првенството, каде се први на табелата со шест бода предност пред Манчестер Сити.

Она што е фасцинантно е формата на Ливерпул на Енфилд во ПЛ, каде Црвените не загубиле натпревар уште од април 2017. година.

Последниот пораз на Енфилд беше од Кристал Палас на 23. април 2017. година. Ливерпул тогаш поведе преку Кутињо, а пресврт за гостите со два гола донесе Бентеке.

Блиску до прекин на таа низа беше Тотенхем кој вчера водеше со 1:0, но Ливерпул успеа да направи пресврт и да слави победа.

Со оглед на одличната форма на тимот кој го предводи Јирген Клоп, се поставува прашањето дали некој во брзо време може да го победи на Енфилд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Потег за почит: Гвардиола му даваше совети на противнички играч🎥

Адама Траоре беше трагичар за Фулам во поразот од Манчестер Сити со 3-2 бидејќи имаше неко…