Легендата на аргентинскиот фудбал, Лионел Меси даде опширно интервју за домашниот „ТиЦ спорт“.
Меси зборуваше за многу теми, па неизбежно беше да се осврне на фактот дали ќе заигра во Аргентина.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
„Сонувам да заиграм за Њуелс Олд Бојс, но не знам што ќе се случи во иднина. Кога ќе му кажам на синот Тиаго дека одам некаде, тој се нервира. Не му се допаѓа ништо во Аргентина. Кога ќе отидеме во Аргентина, тој веднаш сака да се вратиме во Барселона. Семејството е мојот приоритет во животот“, истакна Меси.
Аргентинецот притоа призна дека Роналдо Назарио бил најдобриот фудбалер кој некогаш го видел.
„Роналдо беше феномен. Од сите напаѓачи кои сум ги гледал како играат, тој беше убедливо најдобриот. Неверојатен човек и фудбалер“, вели Меси.
На крајот Меси призна дека не сака да биде заменуван од игра и претпочита да влегува од клупата за резерви.