Во терминот од 15:00 часот во италијанската Серија А својот натпревар го одиграа екипите на Лече и Јувентус.
Лече успеа да прирерди големо изненадување и на задоволство на Интер го запре Јувентус и остана непоразен (1:1).
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во првото полувреме Јувентус успеа да постигне гол, но истиот беше понишен поради недозволена позиција, па на пауза се замина без да видиме погодок.
После пет минути игра во вториот дел Јувентус доби пенал после реакцијата на ВАР. Сигурен реализатор на најстрогата казна беше Паоло Дибала. Само пет минути подоцна следуваше нова најстрога казна, овој пат на спротивната страна. Виновник за пеналот беше Де Лихт кој играше со рака во шеснаесетникот. За домаќините реализираше Манкосу.
Dybala PK!! 4 goals in his last 3 matches pic.twitter.com/PN2L0xfRtk
— kaz (@psychoclownblog) October 26, 2019
? Lecce 1⃣?1⃣ Juventus ?
— JuveFCid ? (@JuveFCid) October 26, 2019
⚽?️ Mancosu ??https://t.co/8O4phA57YN
После ова реми на Јувентус Интер кој од 18:00 часот игра против Парма ќе има прилика со победа да го превземе лидерското место на табелата.