Напаѓачот на Реал Мадрид, Алваро Мората, минатото лето се врати во „Кралскиот“ клуб од Јувентус, но може да остане само една сезона.
Мората во Јувентус беше стандарден првотимец, но тоа се промени со враќањето на „Сантијаго Бернабеу“. Повеќето од натпреварите на Реал Мадрид ги гледа од клупата, а Зидан обично му дава шанса во второто полувреме. Поради тоа се повеќе и повеќе се пишува за тоа дека Мората по само една сезона помината во Реал ќе ги напушти „Кралевите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот напаѓач е трансфер цел на многу екипи, но најверојатно дека кариерата ќе ја продолжи во Англија. Најблиску до неговиот потпис се Арсенал и Челзи, но изгледа дека Мората сосема случајно откри каде ќе ја продолжи кариерата.
Имено, Мората на Инстаграм започна да ги следи речиси сите играчи на „Сините“ што е знак дека нешто се случува. Можеби Шпанецот се уште не научил дека го следат секој нов потег.