Дома Луд Спорт Утка на годината: Навивачи на Ливерпул го пропуштија мечот бидејќи ги погрешиле градот!

Утка на годината: Навивачи на Ливерпул го пропуштија мечот бидејќи ги погрешиле градот!

Двајца навивачи на Ливерпул го пропуштија вчерашниот натпревар против Генк, иако платиле по 220 евра за влезница.

Причината е бизарна. Навивачите наместо во Генк, пристигнале во Гент, односно „унтале“ цели 150 километри.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Таму минале цел ден, за да сфатат дури пред самиот старт на натпреварот дека всушност го згрешиле градот.

Откако нивниот случај го обиколи светот, Гент реши да им понуди билети за нивниот натпревар.

„Ако некој ги познава двајцата или ако има контакт од нив, кажете им дека се поканети на нашиот натпревар против Волфсбург“, напишаа од клубот на Твитер.

Гент вечерва ќе го одигра натпреварот од третото коло во Лигата Европа против германскиот Волфсбург.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Се појави снимкаод пукањето во турскиот фудбалер🎥

Поранешниот фудбалер на Фенербахче, Серхат Акин, беше застрелан во четвртокот откако се по…