Дома Фудбал Познато кога на теренот се враќа Модриќ

Познато кога на теренот се враќа Модриќ

Ова беше втора повреда оваа сезона, па од можни 12 натпревари за Реал Мадрид настапи на само пет.

Капитенот на хрватската репрезентација, Лука Модриќ се опорави од повредата поради која ги пропушти последните два натпревари за Реал Мадрид, против Мајорка и Галатасарај, па на теренот би требало да се врати за седум дена, кога на распоредот е следниот натпревар против Леганес.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Модриќ во среда тренираше со соиграчите во клупскиот спортски центар. Тоа му беше прв тренинг со екипата од 13. октомври кога заработи повреда на натпреварот помеѓу Хрватска и Велс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Перез создава моќен Реал Мадрид: Ова ќе биде невидена доминација во светот на фудбалот

Реал Мадрид е подготвен да направи неколку промени во рамките на тимот. Флорентино Перез с…