Дома Фудбал Останато Фламенго го декласираше Гремио и закажа финале со Ривер (ВИДЕО)

Фламенго го декласираше Гремио и закажа финале со Ривер (ВИДЕО)

Откако во натпреварот на аргентинските гиганти Ривер се пласираше во финалето на Копа Либертадорес, Фламенго излезе како победник во бразилската пресметка со Гремио.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фламенго го декласираше Гремио со 5:0 и така закажа натпревар со актуелниот шампион Ривер.

Резулатот од првиот натпревар беше 1:1 и тоа значеше целосно отворен натпревар на легендарната „Маркана“, но на крајот Фламенго беше доминантен.

Првиот гол падна во 42-та минута. Хенрике постигна гол за 1:0 за во продолжение Гремио да доживее потоп.

Габриел Барбоса со два гола во десет минути зголеми на 3:0 и тука веќе беше јасно кој ќе оди во финалето. До крајот за поубедлива победа погодуваа Мари и Чиао.

Финалето е закажано за 23-ти ноември во чилеанскиот Сантијаго.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тажен крај: Португалскиот гигант и поранешен шампион престанува да постои по 123 години

Фудбалскиот клуб Боависта од Порто, еден од само петте клубови кои ја освоиле титулата шам…