Дома Топ вести Oфицијално: Ла Лига го потврди датумот на новото „Ел Класико“

Oфицијално: Ла Лига го потврди датумот на новото „Ел Класико“

Овој викенд требаше да се одигра „Ел Класико“ на „Ноу Камп“.

Сепак, минатата недела се појави неочекуван проблем кој настана поради големите протести предизвикани од пресудите за затворски казни на луѓето кои го организираа реферндумот.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Следуваа големи демонстрации во кои огромен број луѓе излегоа на улица бидејќи не се сложуваат со таквата одлука.

Потоа Ла Лига побара дербито да се одигра на „Камп Ноу“, но двата тима одбија да го менуваат домаќинството, па како единствено решение остана натпреварот да се одложи.

Пред два дена Комитетот на натпреварувањето го избра 18-ти декември како нов датум, а таа одлука денес беше официјално потврдена и од Ла Лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Импресивен гест од Полјаците: Преку ден дивееле во Белград, а еве што направија откако нивниот тим испадна од Ц. Звезда (Видео)

Полјаците отпаднаа од квалификациите за Лигата на шампионите, а црвено-белите го обезбедиј…