Дома Фудбал Лига на шампиони Роналдо вечерва има ГОЛЕМ мотив да постигне гол

Роналдо вечерва има ГОЛЕМ мотив да постигне гол

Јувентус вечерва во рамките на 3. коло од групната фаза на Лигата на Шампионите на свој терен игра против Локомотив Москва.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Клубот од Торино има 4 бода по два одиграни натпревари и сака со победа да ја задржи водечката позиција во групата. Од другата страна, ова ќе биде натпревар во кој Роналдо ќе има посебен мотив да постигне гол со оглед на тоа што брка нов рекорд.

Португалецот до сега во Лигата на Шампионите постигна голови против 33 различни тима, а доколку постигне гол против Локомотив ќе го сруши рекордот на Раул Гонзалес кој исто така постигна гол против 33 различни екипи.

Роналдо е најдобар стрелец во историјата на ова натпреварување со 130 постигнати гола, а од тие 66 беа во групната фаза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Во март го исмеваше целиот свет, денес е херој на Тотенхем (Видео)

Само пред два месеца се поставуваше прашање дали голманот на Тотенхем Антонин Кински повто…