Работнички после очајните настапи на стартот од првенството направи промена на тренерската клупа.
Сега веќе поранешниот стратег Александар Влахо си поднесе оставка, а клубот ја прифати.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Како морален чин, како тренер и спортски работник, чувствувам морална одговорност дека Работнички по десет одиграни кола се наоѓа на позиција на табелата која не ја заслужува. Од тие причини, понудив оставка до раководството на клубот. Морам да истакнам благодарност до претседателот Драган Поповски за овозможените услови за работа, за професионалниот, фер и коректен однос со сите во клубот, од раководството, преку фудбалерите до сите вработени. Се надевам дека Работнички брзо ќе излезе од оваа резултатска криза и дека ќе се најде на позициите кои ги заслужува“, изјави Влахо за клупската страна на Работнички.
Во овој момент Работнички се наоѓа на последното место на табелата
Фото: ФК Работнички