Дома Топ вести Меси потврди: одбив доживотен договор со Барселона!

Меси потврди: одбив доживотен договор со Барселона!

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси не размислува да го напушти каталонскиот гигант, но не сака да се „врзе“ со доживотен договор.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Актуелниот договор на Меси му завршува за две години, но во клубот од „Камп Ноу“ се сигурни дека Аргентинецот може да игра на највисоко ниво и по Светското првенство во 2022 година.

Повторно се водат преговори меѓу претседателот на Барса, Жозеп Бартомеу и таткото на Меси, кој му е воедно и менаџер. Темата е нов договор, но Лео откри дека не сака да биде доживотен.

„Вистина е дека Барселона ми понуди доживотен договор, но јас кажав дека не сакам таква соработка. Сакам да останам здрав и да продолжам со игра, па да се борам за голови во Барселона. Таму може да бидам доживотно, но не со договор“, изјави Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Роналдо се јави по критиките и очајниот настап против Конго (Видео)

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, по ремито со Демократска Република Конго, изјав…