Дома Фудбал Случајно или намерно, Французите го заборавија Бензема!

Случајно или намерно, Французите го заборавија Бензема!

Карим Бензема повторно се најде во центарот на вниманието на медиумите во Франција. Овој пат ни крив, ни должен.

Имено, на Твитер профилот на француската репрезентација се појави честитка до Рафаел Варан на пласманот во финалето со Реал Мадрид, а случајно или намерно заборавен беше Карим Бензема.

„Рафаел Варан и Реал Мадрид го исфрлија Атлетико и ќе играат повторно во финалето од Лигата на шампионите“, гласеше објавата на популарната друштвена мрежа.

Навивачите го бараа одговорот, а набрзо истиот и стигна.

„Поздрав! Ви пренесуваме вести само за играчите кои настапуваа за Франција во последната година“, одговорија од сојузот на Франција.

Сепак потоа навивачите пронајдоа честитка до Лаказет од март и го потсетија сојузот дека тој последниот настап за Франција го имаше во 2015 година.

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Потрагата по Торцида продолжува: Полицијата објави уште четири фотографии

По нацистичките извици во Сплит, полицијата бара помош од граѓаните за идентификација на у…