Дома Фудбал Репрезентации Французите бараат одложување на натпреварот поради поздравот на турските репрезентативци

Французите бараат одложување на натпреварот поради поздравот на турските репрезентативци

„Си-Ен-Ен“ објави дека неколку водечки француски политичари побарале да биде откажан натпреварот помеѓу Франција и Турција.

Франција во Париз ќе ја дочека Турција, но медиумите во оваа земја се против одигрувањето на тој натпревар поради поздравот кој го упатија фудбалерите на Турција во победата над Албанија со 1:0.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тој гест следуваше неколку дена откако претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган отвори напад на Сирија за да ги избрка курдските сили од границите.

После натпреварот официјалниот сајт на турската репрезентација објави фотографија на која се гледа како цел тим на Турција истиот гест го прави во соблекувалната со натпис дека играчите им ја посветиле победата на храбрите војници.

Дел од јавноста го одобрува она што го направија, но се крена голема прашина затоа што спортот не дозволува мешање на било каква политика.

Тешко дека натпреварот може да биде одложен но останува да видиме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…