Дома Фудбал Останато Арсенал е подготвен на се само да се ослободи од Озил

Арсенал е подготвен на се само да се ослободи од Озил

Месут Озил оваа сезона речиси и не игра во дресот на Арсенал, а речиси е сигурно дека во јануари ќе го напушти клубот.

Најмногу за неговите услуги се интересира Фенербахче, чија управа овој фудбалер со задоволство би го видела во својот клуб. Проблем се разбира претставува големата плата која Озил ја има во Арсенал, а таа изнесува околу 20 милиони евра по сезона.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Договорот на овој играч трае уште нешто повеќе од година дена, но во Арсенал се подготвени да платат некои делови од неговата плата само да си замине на позајмица. Се уште се чека одлуката на Озил, но неговото заминување е се поверојатно, а особено затоа што минутажата оваа сезона е речиси па никаква.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пет трансфери кои би можел Манчестер Сити да ги оствари во јануари 2026 година

Манчестер сити минатата година во јануари потроши речиси 200 милиони фунти на нови играчи,…