Македонија од 4-то место на табелата е домаќин на второпласираната Словенија, во рамки на седмото коло од квалификациите за пласман на Европското Првенство. Ова е натпревар од огромна важност за двете селекции, бидејќи бодовната разлика на табелата е само три бода. Победникот би бил многу поблиску до целта, а ремито пак највеќе ќе и одговара на Австрија.
Македонија пред императив да освои три бода
Дуелот против Словенија е од голема важност за македонската фудбалска репрезентација. Победа за Македонија ќе ги дигне во облаци нашите амбиции, но се друго па и реми речиси ќе ги отпише нашите шанси за пласман на Европското Првенство. Оние два меча во Јуни со Австрија и Полска во Скопје беа разочарувачки и на крајот тие два порази можат да бидат и одлучувачки. Добро, после тие порази дојде ремито со Израел на гости и победата во Летонија, но сега едноставно мораме да освоиме три бода. Штета е што беше сопрена онаа успешна и неверојатна низа на натпревари на кои Македонија барем еднаш ја тресеше мрежата на противниците. А таа серија траеше навистина долго и запре токму против Полска. Пред тоа, последен пат кога Македонија не успеала да запише гол на квалификациски дуел е на 12-ти ноември 2016 година во поразот од Шпанија на гостински терен. По Полска, Македонија одигра два меча и на двата постигна гол, а гол сега и тоа како ќе и биде потребен на Македонија против словенците.
Македонија без Барди, Велковски, Бејтулаи …
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Голем удар за Македонија ќе биде отсуството на тројца важни фудбалери: Барди, двајцата Велковски и Бејтулаи. Најголем удар сигурно е неиграњето на фудбалерот на шпански Леванте, Енис Барди. Без него, Македонија нема да биде иста. Во текот на овие квалификации напаѓачите најчесто од него добиваа употребливи топки. Освен тоа тој најдобро и најлесно ја поврзуваше играта на теренот и знаеше да потегне и да ја скрие топката кога тоа е потребно.
Но и одбраната без Велковски и Бејтулаи ќе биде ослабена. Ќе стартува Кире Ристевски, но тој досега беше на клупата. Покрај него и Муслиу, би требало да биде и Стефан Ристовски кој пак нема одиграно натпревар веќе неколу месеци поради повреда, па сигурно нема да мже да даде 100% од своите можности. Отсуството на Крсте Велковски нема да се осети, бидејќи тој и без тоа беше најчесто на клупата за резерви.
Оние пак фудбалери кои Ангеловски ги повика како нивни змени, Ѓорѓи Стоилов од Академија Пандев и Марио Младеновски од Вардар, веројатно нема да добијат шанса на дуелот со Словенија или пак на тој потоа со Полска.
Повредите го кројат составот на Македонија
Мрме веќе го скрои стартниот состав на македонската репрезентација.
Меѓутоа составот претпре измени од оној вообичаениот и на некој начин отсуствата го скроија тимот. Како што веќе напоменавме неиграњето на Енис Барди во средината и Дарко Велковскии Бејтулаи во одбраната се голем удар, но тоа не мора да значи премногу со оглед на тоа што сите во селекцијата се речиси со идентичен квалитет.
Во одбраната, пред голманот Столе Димитриевски, ќе биде стандардниот Муслиу, а покрај него ќе бидат Кире Ристевски и Стефан Ристовски. Но тоа е само онаа првична најава, бидејќи ќе се чека до последен момент лекарскиот „амин“ за настап на дефанзивецот на Спортинг Лисабон.
Во средниот ред ќе бидат Николов, Адеми, Спировски и Алиоски и Елмас, со тоа што Николов и Алиоски ќе делуваат десно и лево и ќе имаат и дефанзивни задачи. Елмас би требало да биде најофанзивен во средината веднаш зад најистурените во нападот Пандев и Несторовски.
И Кек си има свои проблеми
Но проблеми нема само Македонија. И селекторот на Словенија, Матјаж Кек, се соочи со неочекувани проблеми во пресрет на квалификацискиот дуел. Двајца словенечки фудбалери отпаднаа од комбинација пред самиот почеток на подготовките.
Станува збор за Лука Захович и за Домно Чрнигој, кои заработија повреди за време на натпреварите што се играа викендов. Захович го повреди мускулот, додека Чрнигој ја обнови повредата заработена на последниот квалификациски меч со Полска.
По нивното отпаѓање, словенечкиот селектор дополнително го повика младиот Адам Гнезда Черин од Нинберг кој досега играше за младинската репрезентација.
Добро покриена селекција на сите позиции
Облак е ѕвездата на Словенија. Тој со негоата смиреност и сталоженост на голот и дава сигурност на целата селекција.
Една од најголемите словенечки ѕвезди, покрај голманот Јан Облак, секако е калчолигашката ѕвезда Јосип Иличич, кој ќе биде и една од најголемите закани кон нашиот гол. Иличиќ во пресрет на мечот со Македонија најави победа и потенцираше дека во неговите мисли се само три бода. Тој игра во добра форма за неговата Аталанта и јасно е дека нашите дефанзивци ќе треба многу да внимаваат на него. Од другата страна ќе треба да се внимава на се подобриот Вербич, а во средината се Куртич и Крхин кои играат стандардно добро во селекцијата.
Големо внимание треба да се обрне на напаѓачот Спорар кој има неверојатна сезона, а за него се заинтересирани екипи од најдобрите фудбалски лиги во Европа. Спорар минатата сезона за Слован Братислава постигна 29 голови на 30 натпревари, а оваа на шест меча веќе има осум гола. Овие бројки сами по себе покажуваат на тоа за каков играч станува збор.