Утре репрезентацијата на Македонија ќе го игра квалификацискиот натпревар против Словенија во рамките од квалификациите за Европското првенство.
Македонија во групата се наоѓа на четвртата позиција со освоени осум бодови. Полска е лидер со 13, Словенија има 11, Австрија 10, Израел со 8 и Летонија со 0 се зад нас на табелата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со утрешниот натпревар селекторот Игор Ангеловски по 34-ти пат ќе ја води репрезентацијата и со тоа е рекордер во историјата на нашата најдобра фудбалска селекција.
Во тие 34 натпревари Ангеловски има 14 победи, седум нерешени натпревари и 12 порази со гол-разлика 51-38.