Дома Фудбал Меси: Кога Нејмар не дојде кај нас мислев дека Флорентино и Реал ќе ја завршат таа работа

Меси: Кога Нејмар не дојде кај нас мислев дека Флорентино и Реал ќе ја завршат таа работа

Цело лето траеше сагата околу Нејмар, Бразилецот беше најблиску до Барселона, но се поврзуваше и со Реал Мадрид, на крајот сепак остана во Париз.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барселона до самиот финиш се обидуваше да го доведе Нејмар, мешутоа договор со ПСЖ не постигнаа. Лионел Меси сега за каталонското радио зборуваше на оваа тема. Меси сметал дека кога Нејмар не преминал кај нив, ќе премине во Реал Мадрид.

„Искрено откако Нејмар не дојде кај нас бев сигурен дека ќе премине во Реал Мадрид. Мислев дека Флорентино и Реал тоа ќе го завршат“, изјави Меси.

Сите шпански медиуми ги пренесуваат зборовите на Меси и истакнуваат како кажувајќи го името на претседателот на Реал го изговорил само со името без додавање на презимето Перез и титулата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп ја избриша фотографијата со навреда за Звезда, откриено и која била жената

Познатиот германски тренер Јирген Клоп се најде во центарот на вниманието на српската јавн…