Реал Мадрид ќе игра рекордно шесто финале во Лигата на шампионите откако најсилното клупско фудбалско натпреварување се игра според овој систем. Гигантот од Мадрид се изедначи на врвот од листата на финалисти со Милан и неговиот следен ривал – Јувентус. Тие се единствените три клуба кои по шест пат обезбедиле место во финалиот дуел од шампионската лига, од 1992, времето кога ова натпреварување го носи тоа име – Лига на шампионите.
Но, кога е во прашање ефикасноста и учинокот во финалните дуели, тука ситуацијата е малку поразлична. Реал Мадрид има победнички менталитет, Јувентус губитнички, ако се потпреме на статистиката, податоците и бројките од минатото. Реал победил во сите пет финалиња во кои играл досега, а Јувентус во четири од петте бил поразен. Милан има половичен учинок – три победи и три порази.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Победничката серија на Реал во шампионските финалиња започна токму со Јувентус, во Амстердам 1998 година. Тогаш несреќниот Марк Јулијано со невнимателна интервенција ја упати топката кон ногата од Пеџа Михајловиќ, а легендарниот Црногорец покрај Паоло Монтеро постигна гол за титула прваци на Европа.
Една година претходно, Јувентус беше поразен од Борусија Дортмунд во финалниот шампионски дуел со 3:1, а на тој меч се изнапромашува Кристијан Бобо Виери кој ја пропушти и најсерозната шанса во кариерата да освои Лига на шампиони.
А една сезона пред тоа, пак, Јувентус го освои единствениот трофеј во Лигата на шампионите со победа на пенали против Ајакс. Таа среќа за пенал лотаријата продолжи дебело да ја плаќа.
После серијата порази од Борусија и Реал, на следното финале чекаше до 2003 кога беше поразен од Милан на Олд Трафорд. На пенали! Од белата точка промашија Залаета, Трезеге и Монтеро. Во финалето се вратија во 2015 во Берлин, против Барселона но тогаш немаше трагичари бидејќи Каталонците едноставно ги надиграа.
Мијатовиќ со голот во Амстердам ја започна лозата на херои на Реал во финалињата. Во следниот дуел за титулата, после две години, Реал ја декласираше Валенсија и немаше некој посебен јунак, но следното финале даде токму еден таков.
Следниот херој беше Серхио Рамос, кој погоди во последната секунда од финалето во Лисабон и го внесе финалниот натпревар во продолженија, каде Атлетико не се опорави од шокот и пропуштената шанса за историска титула.
Рамос беше херој и во следното финале. Она одиграно минатата година против стиот ривал во Милано. Го постигна единствениот гол на натпреварот за Реал, а беше сигурен и во пенал серијата. Одлучувачкиот пенал го реализираше Кристиано Роналдо, кој и во лисабонското финале две години претходно постигна два гола во продолженијата.