Tимот на актуелниот македонски шампион Шкендија денес го реши прашањето околу новиот тренер.
Ќатип Османи кој денес е тренер на Шкупи беше отпуштен од Шкендија пред околу еден месец поради слабите резултати. Во меѓувреме Шкендија ја водеше Ерхан Селими кој сега ќе продолжи да работи во младите категории.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Нов тренер на Шкендија ќе биде Ернест Ѓока. Ѓока досега водел повеќе клубови во Албанија, а најголемиот успех постигна во Кукс.
„Спремен сум. Знам дека во Шкендија се бара успех. Ова е тим кој постојано сака да победува и има амбиции за пласман во ЛЕ со цел да ги стигнеме европските клубови, а зошто да не се надеваме и на влез во Лигата на шампионите“, изјави помеѓу другото Ѓока на претставувањето.
Фото: КФ Шкендија