Дома Фудбал Италија Ди Франческо доби отказ!

Ди Франческо доби отказ!

Сампдорија после седум кола во новата сезона се наоѓа на последото место на табелата во Серија А.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тимот од Џенова лошо ја отвори сезоната, а под палката на Ди Франческо загуби на шест од седум натпревари во Серија А.

Таквите резултати го чинеа Ди Франческо работа. Имено тој денеска и официјално доби отказ од клубот.

Ди Франческо за шеф на стручниот штаб беше поставен на крајот од јуни, но веќе заработи отказ – иако летоска потпиша договор кој требаше да важи до 2022. година.

Инаку, Ди Франческо пристигна во Сампдорија откако претходно заработи отказ во Рома. Пред Рома со доста успех го предводеше Сасуоло, а работеше уште во Пескара и Лече.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Неверојатната сезона на Тер Штеген – стана шампион, но испадна и од лига

Германскиот голман Марк-Андре Тер Штеген доживеа навистина необична сезона во шпанскиот фу…