Дома Македонски спорт Мак фудбал Мируваа мрежите под Шара: Шкендија и Вардар одиграа без голови

Мируваа мрежите под Шара: Шкендија и Вардар одиграа без голови

Денеска беа одиграно големото македонско дерби во Првата лига меѓу Шкендија и Вардар, а актуелниот лидер освои бод (0-0) во Тетово, па останува на првото место на табелата.

Домаќините имаа голем број шанси кон голот на Вардар, но никако не можеа да го пронајдат патот до мрежата на Гачевски, кој бранеше фантастично во денешниот меч.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Првата посериозна шанса на мечот ја имаа домаќините, но Гачевски ја зачува неговата мрежа до крајот на првото полувреме.

Така беше и во второто полувреме кога домаќините се заканија уште неколку пати кон голот на најтрофејниот македонски клуб, но Гачевски во последните моменти од мечот со одлична одбрана му донесе голем бод на Вардар.

На останатите натпревари Борец славеше со 3-2 против Струг Трим Љум, Академија Пандев со 2-0 го совлада Силекс, а Македонија ЃП и Шкупи одиграа 0-0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…