Поранешниот голман на Барселона Виктор Валдес пред неколку месеци се врати во Барселона каде што доби шанса да го тренира јуниорскиот тим на овој клуб.
Валдес поголемиот дел од својата кариера го помина во каталонскиот клуб, а потоа се одлучи да се занимава со тренерска работа и беше јасно дека првата шанса ќе ја добие токму во Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона го ангажираше Валдес како тренер за јуниорите, но тој веднаш започна да прави скандали. Прво напушти еден турнир заедно со играчите иако требаа да играат за третото место, а потоа на првиот натпревар во новата сезона доби црвен картон поради навреди кон судијата.
Валдес е многу темпераментен и искрен. Од самотоо доаѓање ја критикува управата на клубот. Но тоа ќе го плати скапо затоа што шпанските медиуми пренесуваа дека Валдес денес ќе добие отказ.
Поранешниот голман ги поминал сите граници кога му се спротиставил на Патрик Клајверт и го навредувал. Валдес ги изгубил нервите и започнал да го навредува Холанѓанецот, а во Барселона сметале дека такви работи не смеат да се случуваат во „Ла Масија“.
Валдес денес има состанок со управата на клубот на кој веројатно ќе му биде соопштено дека нема да биде повеќе тренер на јуниорите.