Ханс Јоаким Вацке, првиот човек на Борусија Дортмунд отворено го критикуваше Пјер-Емерик Обамејанг поради заминувањето од клубот.
Габонецот во јануари 2018 година го засили Арсенал во трансфер вреден 65 милони евра, но Вацке тврди дека Обамејанг се преселил во Лондон поради пари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Во Арсенал прави одлични работи и среќен е кога ќе ја погледне својата банкарска сметка, но затоа во вторник и среда Лига на шампиони гледа на телевизија и сигурно му е жал поради тоа“, изјави Вацке.
Обамејанг не молчеше и на Твитер му возврати на Вацке кого го нареше кловн.
„Подобар за вас никогаш да не кажам зошто си заминав од Борусија Дортмунд. Господине Вацке вие сте таков кловн. Се сеќавам дека кажавте дека никогаш нема да го продадете Осман (Дембеле), но потоа видовте 100 милиони евра и се согласивте. Не зборувајте за пари и ве молам оставете ме на мир“, напиша Обамејанг.
Better for you I never talk about why I really left Dortmund Mr Watzke you such a clown ? I remember that time you said we never gonna sell Ousmane then you saw more than 100M you were the first to take that money ????don’t talk about money please!!! Leave me alone pls ??
— Aubameyang P-E (@Aubameyang7) October 3, 2019