Дома Фудбал Англија Позната причината поради која Покетино се уште има работа

Позната причината поради која Покетино се уште има работа

Екипата на Тотенхем игра под очекувањата во оваа сезона.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Тимот кој од клупата го предводи Маурисио Покетино апсолутно е непрепознатлив оваа сезона, а врв на се е поразот кој Спарси го доживеа во ЛШ од Баерн Минхен со резултат 2:7.

Иако многумина очекуваа дека после овој очаен натпревар аргентинскиот стручњак ќе добие отказ, тоа нема да се случи, а причината е едноставна.

Тотенхем во случај да му врачи отказ, на Покетино мора да му исплати дури 32 милиони фунти. Првиот човек на клубот Даниел Леви познат како човек кој не сака да дава многу пари нема намера да плати толкава сума.

Затоа Покетино барем уште некое време ќе ја задржи работата. Леви цврсто стои зад него, а најголемата причина за тоа се парите.

Да потсетиме, Тотенхем претходната сезона стигна до финалето во ЛШ. Играше одлично, но како се да се промени во текот на летото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арбелоа: Јас сум виновен за тепачката меѓу Чуамени и Валверде

Алваро Арбелоа изјави дека ја презема одговорноста за инцидентот меѓу соиграчите Федерико …