Најдобриот фудбалер на Барселона, Лео Меси се опорави од повредата пред натпреварот со Интер во Лигата на Шампионите, објави каталонскиот клуб.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Аргентинецот вчера тренираше заедно со екипата, исто како и Дембеле кој исто така во претходниот период имаше проблеми со повредите. Во првото коло од Лигата на Шампионите двата тима ремизираа.
Сега прашање е само дали Валверде ќе ризикува и во првиот тим ќе го стави најдобриот играч во утрешниот натпревар на „Камп Ноу“.