Дома Фудбал Лига на шампиони „Можеби за Интер ќе биде подобро да игра Меси“

„Можеби за Интер ќе биде подобро да игра Меси“

Франческо Коко, поранешниот играч на Милан и Интер, кој играше и на позајмица во Барселона, го анализираше натпреварот кој ни предстои во ЛШ на Камп Ноу.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Неговиот поранешен тим Интер гостува кај Барселона, а постои можност овој натпревар да го пропушти Лео Меси.

„За победа на Камп Ноу ви требаат три работи: способност, интензитет и храброст. Ако одите таму знајеќи дека ќе загубите, тогаш нема успех. Во меѓувреме, ако го спремате натпреварот без размислување на исходот, можеби ќе ви се пружи прилика. Тоа е психолошка работа. Интер треба да даде 110 посто, не допуштајќи на Барса да ја игра својата игра.“ – изјави Коко и додаде:

„Недостатокот на Меси секогаш се чуствува на теренот. Постои Барса со Меси, и без него, но можеби неговото отсуство нема да биде предност за Интер. Можеби за Интер ќе биде подобро да игра.“

Барса и Интер својот натпревар го играат во среда од 21 часот. Интер во првото коло одигра слабо против Славија Прага (1:1), додека Барса ремизираше со Дортмунд (0:0).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Повредата на Угарте може да ги промени трансферните планови на Манчестер Јунајтед

Во Манчестер Јунајтед со загриженост очекуваат вести за повредата на Мануел Угарте, откако…