Атлетико Мадрид вечерва на стадионот „Ванда Метрополитано“ го игра дербито против Реал Мадрид.
Гостите пред овој дуел имаат бод предност на табелата пред екипата која ја предводи Диего Симеоне, но се уште во мислите е подготвителниот натпревар пред крајот на јули во кој Атлетико славеше со огромни 7:3. Тогаш одличен натпревар одигра Диего Коста кој постигна дури четири гола.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако дввете страни истакнуваат дека тоа беше сосема поинаков натревар во однос на овој кој се игра вечерва, во Реал сепак имаат причина да се плашат од напаѓачот на Атлетико. Имено, откако Коста се врати од Англија, во четири натпревари против Реал постигна шест гола.
Со оглед на статистиката која ја има против овој тим, реално е да се очекува вечерва да се запише во листата на стрелци.