Дејвид Бекам е спремен да стане фудбалски агент.
Поранешниот капитен на репрезентацијата на Англија основаше агенција со свои два блиски пријатели и нивната цел е да се грижат за кариерите на младите играчи кои ќе ги застапуваат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бекам отвори фирма под името „Footwork Menagment Ltd“. Таа фирма ја основаше пред неколку месеци, седиштето е во Лондон.
„Мирор“ објави дека Бекам тргнал во акција и за прв клиент го сака фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд.
17 годишниот фудбалер стана редовен член на првиот тим на Јунајтед оваа сезона, а дебитираше на крајот на минатата сезона.
Бекам нема агентско искуство, но формираше тим кој ќе работи со играчите и клубовите и кои ќе ги води сите преговори, а Дејвид наскоро го чека големиот проект, неговиот Мајами Хит се обидува да доведе големи ѕвезди за првата сезона во МЛС лигата.