Младиот фудбалер на Барселона Ансу Фати (16) сепак нема да игра на Светското првенство за играчи до 17 години.
Неодамна Фати доби шпанско државјанство за да игра на Светското првенство до 17 години, но овој 16 годишник сепак ќе биде повикан во селекциите до 19 или до 21 година.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Шпанскиот фудбалски сојуз сакаше Фати да игра за У17, сепак на крајот е одлучено дека фудбалерот кој оваа сезона веќе игра игра во сениорска конкуренција за Барселона не е за турнири на кои играат неговите врсници и дека е на едно повисоко ниво.
Неиграњето на Фати на овој турнир е добра вест за Барселона затоа што Валверде ќе може да смета на него за „Ел Класико“ кое се игра на 23-ти октомври.
Исто така се очекува да се најде на списокот на шпанскиот тим кој во 2020 година ќе игра на Олимписките игри во Токио. Со придружувањето на У21 селекцијата тој ќе биде запознаен со своите идни олимписки соиграчи и тоа ќе ги зголеми нашите шанси на тој турнир.
„Ансу Фати од повеќе причини нема да учествува на Светското првенство до 17 години“, објави новинарот на „Марка“ Давид Санчез.