Дома Фудбал Неверојатно: Барса ќе се жали за „смешната“ казна од 300 евра

Неверојатно: Барса ќе се жали за „смешната“ казна од 300 евра

Фудбалскиот сојуз на Шпанија ја казни Барселона поради нелегеалности во преговорите со францускиот фудбалер Антоан Гризман.

Гризман во текот на летото потпиша договор со Барселона, а неговиот поранешен клуб Атлетико инкасираше 120 милиони евра.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Сепак, веднаш после потписот клубот од Мадрид приложи докази во кои тврдеше дека преговорите помеѓу играчот и Барса се воделе во текот на сезоната што според правилата не е дозволено.

Казната која ја добија Каталонците е навистина „смешна“ и ќе мора да платат 300 евра.

Она што е уште поневеројатно е дека Барселона нема намера да ги плати ниту тие 300 евра. Шпанскиот новинар Марсело Бечер објави дека каталонскиот клуб подготвува жалба за казната.

На крајот залудно се жалеа од Атлетико, бидејќи нема да добијат ништо, а бараа дополнителна отштета од 80 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Ако на Дарвин не му одговара Саудиска Арабија, би можел да се пресели во Челси“

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, а сега на Ал Хилал, Дарвин Нуњез, повторно го посакуваат…