Дома Фудбал Останато Какви три недели за овој човек: Три натпревари, три пенали, два автогола и црвен картон!

Какви три недели за овој човек: Три натпревари, три пенали, два автогола и црвен картон!

Некои љубители на фудбалот сигурно се сеќаваат на Себастијан Коатес овој играч пред неколку важеше за голема надеж, но неговата кариера не развиваше онака како што се очекуваше.

Коатес денес игра во Спортинг и она што го направи овој месец е нешто неверојатно.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Спортинг минува низ една криза и во четири натпревари имаат три пораз и еден нерешен резултат. За работата да за Коатес да биде полоша тоа едно реми неговиот тим го запиша кога тој не играше.

Се започна на 1-ви септември. Спортинг играше на домашен терен против Рио Аве и внимавајте сега добро. Коатес на овој натпревар направи три пенали, да добро читате – три! Неговиот тим изгуби 2:3 и како „шлаг на тортата“ во 89-тата минута заработи исклучување.

Тогаш се пишуваше дека Коатес го одиграл најлошиот натпревар во кариерата, но не помина многу време за овој човек да се надмине самиот себе и тоа во натпреварот во Лига Европа.

Спортинг беше домаќин на ПСВ во второто по ранг европско натпреварување и повторно изгубија со 2:3. И погодуват трагичар одново беше Коатес. Во 25-татата минута тој си постигна автогол.

Вчера Спортинг играше со Фамелико и претрпе пораз од 2:1 и Себастијан Коатес одново беше во центарот на вниманието. На неколку минути пред крајот Уругваецот си ја погоди сопствената мрежа.

Кога се ќе се собере Коатес го има следниот учинок: Три натпревари, три направени пенали, два автогола и еден црвен картон!

Ние мислиме дека не може полошо, но да почекаме да не изненади повторно.

Коатес во кариерата освен за Спортинг го носеше дресот на Национал, Ливерпул и Сандерленд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аморим е свесен каде дојде: Не чека уште многу страдање!

Рубен Аморим викендов со реми против Ипсвич од 1:1 дебитираше на клупата на Манчестер јуна…