Вардар вчера ја запиша втората победа во вториот натпревар во групната фаза од Лигата на шампионите.
Момците на Писонеро го совладаа Порто. Порто во ракометниот свет не е екипа која треба да биде проблем за денешниот Вардар. Имаше еден период од 10-тина минути кога Португалците беа подобар противник, но тоа беше се од нив во останатиот период Вардар беше доминантен и ги запиша новите бодови.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Она што е еден минус за овој натпревар беа полупразните трибини во „Јане Сандански“. Од некоја причина ЕВРОПСКИОТ ШАМПИОН играше натпревар од групна фаза во ЛШ пред помал број гледачи отколку што може да прими домот на ќе повоториме и уште еднаш ЕВРОПСКИОТ ШАМПИОН во ракомет.
И да не заборавиме хероите во црвено црн дрес минатата сезона ја покорија Европа во време кога не се знаеше што ќе биде на крајот на сезоната. Црни облаци надвиснаа над македонската гордост, проблемот беа финансиите, ракометарите немаа земено плата скоро цела сезона…Како така стегнаа заби стигнаа во Келн, а таму следуваше уште едно чудо какво што знае да прирерди само Вардар.
Можете ли да ни кажете еден тим кој против Барселона се вратил после седум голови негатива? Ние знаеме еден – Вардар! Се вратија момците после седум гола разлика и ги фрлија на колена Каталонците. После еден таков натпревар ќе беше жалосно Веспрем да не падне во финалето.
Заврши се ракометарите се вратија во Скопје беа пречекани како херои како и што заслужија.
И сега доаѓа новата сезона, прв натпревар на домашен терен и тие момци кои ја израдуваа цела нација и се издигнаа како феникс играат пред полупразни трибини!?! КАКО? ЗОШТО?
Публико, Вардар е тимот кој во три години два пати ја освојува Европа и „голем“ клуб не треба да се чека затоа што тој голем клуб е нашиот Вардар!
Порто помина и нека не се повторува! Барем на тој начин да им возвратиме на момците кои во овие моменти се најсветлата точка во клупскиот спорт – ЗАСЛУЖУВААТ!
И за крај овие слики нека бидат мотивација идниот пат да се „тепаме“ за карта во Јане!
Пишува: Стефан Даскалов