Oд вчера кошаркарскара репрезентација на Македонија е без селектор, претседателот Перо Антиќ потврди дека Јорданчо Давитков си заминува од функцијата селектор и ако судиме според најавите неговиот наследник веќе е познат.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Уште веднаш по објавувањето дека Давитков нема да биде селектор започна да се споменува Октај Махмути кој во својата кариера ги водеше Анадолу Ефес, Бенетон, Даушафака и Галатасарај.
Вчера вечер изгледа дека и Антиќ со една фотографија објавена на социјалните мрежи потврди дека Махмути ќе биде новиот предводник на репрезентацијата.
Октај Махмути нов селектор? pic.twitter.com/PODBNBHTU9
— Stefan (@StefanDaskalov) September 20, 2019
И во минатото Махмути се поврзуваше со селекторското столче, меѓутоа од кошаркарската федерација не успеаа да го убедат да се впушти во репрезентативните води. Сега тој е без ангажман, па изгледа одлучил да седне на клупата на репрезентацијата.