Реал Мадрид вчера беше декласиран во Париз.
„Кралевите“ изгубија во ПСЖ со 3:0 во првото коло од Лигата на шампионите, а тимот од Мадрид беше навистина очаен и според играта на теренот не е никакво чудо што останаа без бодови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реномираниот „Л’Eкип“ ги подели оцените за вчерашниот настап, а најлоша оценка од сите на теренот доби Белгиецот Еден Азар.
Азар помина 70 минути на теренот и за тој период одигра само за двојка.
Најголема оценка кај Реал добија Карим Бензема и Рафаел Варан (5).
#PSGRM : Les notes des joueurs. (L’Équipe) pic.twitter.com/fitN1CVy0c
— Vince PSG (@VinceMalouh) September 18, 2019
И остатотокот од тимот на Реал не блескаше премногу, па во главно добија тројки и четворки, додека Анхел Ди Марија кој постигна два гола за ПСЖ беше прогласен за играч на натпреварот.
Аргентинецот го предводеше ПСЖ до победа против својот поранешен тим и за неговиот настпа беше оценет со „деветка“. Зад Ди Марија се најде Идрис Гаја со оценка осум, истата оцена ја доби и Хуан Бернат.