Реал Мадрид вчера во првото коло од Лигата на шампионите забележа убедлив пораз од ПСЖ со резултат 3:0.
„Кралевите“ лошо ја отворија сезоната во Лигата на шампионите каде што традиционално се едни од главните фаворити за титулата. Иако ПСЖ вечерва не можеше да смета на Нејмар, Мбапе и Кавани, сепак дојде до сигурна победа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
ПСЖ успеа да слави со 3:0, а одличен натпревар одигра поранешниот фудбалер на Реал Мадрид Анхел Ди Марија. Колку Реал вчера беше слаб најдобро покажува статистиката.
Имено, ова беше прв натпревар после сезоната 2003/2004 во Лигата на шампионите Реал Мадрид да немал ниту еден удар во рамките од голот. Со оглед на тоа дека во нападот на Реал играа Бејл, Азар и Бензема навистина овој податок звучи неверојатно.
После првото коло Реал Мадрид е на последното место во групата и пред нив се Клуб Бриж и Галатасарај со по еден, ПСЖ се наоѓа на лидерската позиција со три освоени бодови.