Дома Фудбал Лига на шампиони Што правеше ВАР? Зошто не требаше пеналот на Борусија да биде повторен?

Што правеше ВАР? Зошто не требаше пеналот на Борусија да биде повторен?

Во Дортмунд, дербито на вечерта во ЛШ го одиграа Борусија и Барселона.

Иако се очекуваа многу голови на овој натпревар, на крајот мрежите останаа мирни.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Борусија Дортмунд имаше шанса преку пенал да дојде до водство, но Марко Ројс го промаши пеналот.

Поточно, неговиот удар од белата точка во 57. минута успеа да го одбрани неговиот сонародник Тер Штеген.

Но, чудно е како судијата не забележа дека Тер Штеген ја напушти гол линијата додека Ројс го изведуваше пеналот, а со тоа ги прекрши правилата. Според правилата, пеналот требаше да биде повторен, но ниту судиите на теренот, ниту ВАР не им помогнаа на Германците.

Набрзо на Твитер Барселона поради спорната ситуација доби прекар „ВАРселона“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Жоао Феликс најави сензационално враќање

Жоао Феликс не е во плановите на Енцо Мареска и сака да го напушти Челси, а неговиот следе…