Дома Фудбал Италија „Марка“ го смести Елмас меѓу 10-те „бисери“ во Европа (фото)

„Марка“ го смести Елмас меѓу 10-те „бисери“ во Европа (фото)

Еминентниот весник „Марка“ состави  листа од млади фудбалери кои се очекува да блеснат во Лигата на шампионите оваа сезона и во неа го смести и нашиот „дијамант“ Елиф Елмас.

Непосредно пред стартот на новата сезона во елитното фудбалско натпреварување, шпанската „Марка“ состави листа од 10 млади играчи кои се очекува да блеснат оваа сезона во Лигата на шампиони.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Елиф Елмас се најде меѓу десетте фудбалски бисери на Стариот континент, а Македонецот денес ќе го чека своето деби во ЛШ против Ливерпул.

„Македонецот премина во Наполи ова лето од Фенербахче за 16 милиони евра. Може да игра на средината од теренот или на крилните позиции, има одлична прегледност, а не се плаши ни да влезе во дуел. Минатата сезона постигна четири гола во турското првенство, пишува Марка.

Покрај Елмас на листата се уште Дани Олмо (Динамо), Јанис Хаџи (Генк),Доминик Шобошлаи (Салцбург), Ибрахим Конате (Лајпциг), Лисандро Мартинез (Ајакс), Маркос Антонио (Шахтјар Доњецк), Ерлинг Халанд (Салцбург), Оливер Скип (Тотенхем), Алекс Мерет (Наполи).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Томас Милер може да заврши во клуб каде што никој не очекува!

По долгогодишна кариера започната уште како млад фудбалер, Томас Милер го напушта Баерн. О…