Дома Фудбал Италија Полициска акција во Торино: Уапсени навивачи на Јувентус

Полициска акција во Торино: Уапсени навивачи на Јувентус

Италијанската полиција денес уапси лидери на 12 навивачки групи на Јувентус, пренесуваат италијанските медиуми.

Се работи за членови на главните ултрашки групи: „Други“, „Традиционе-Антики валори“, „Викинг“, „Нуклео 1985“ и „Ди Виа Филаделфија“.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Тие се обвинети за повеќе различни криминални дела, вклучувајќи уценување на клубот, перење на пари и насилство. Според изворите од полицијата акцијата не е завршена и се бараат повеќе личности низ цела Италија.

За време на сезоната 2017/18, тимот откажа некои од привилегиите на организираните навивачки групи, што доведе до нивно незадоволство. Фановите се обиделе да ги вратат своите придобивки, но без успех.

Тие посакале бесплатни билети за домашните мечеви на Јувентус, но откако биле одбиени, најавиле дека ќе започнат расистичка кампања, што може да резултира со многу сериозни казни за „Старата дама“.

Агенциите за спроведување на законот продолжуваат со акциите и во други градови покрај Торино. Се води истрага против 40 осомничени криминални организации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мбапе јавно го повикува соиграчот да дојде во Мадрид?

Килијан Мбапе денес говореше на прес-конференција пред утрешниот дуел меѓу Франција и Укра…