Дома Фудбал Италија И официјално: Интер го отпушти Пиоли – што сега?

И официјално: Интер го отпушти Пиоли – што сега?

Интер го отпушти Стефано Пиоли од местото шеф на стручниот штаб. Славниот клуб синоќа во кратко соопштение официјално потврди дека се разделиле со искусниот тренер половина година откако беше ангажиран. Екипата до крајот на сезоната ќе ја води тренерот на младинскиот тим, Стефано Веки.

Пиоли во ноември го презеде кормилото на Интер после смената на Франк де Бур, но не успеа да ја стабилизира екипата и да направи чекор напред во играта. Смената Интер ја плати со најлошата серија резултати во последните 70 години. Нероазурите се далеку од пласман во Лига Еврипа, а на претходните седум натпревари освоија само два бода. До крајот имаат уште три првенствени кола.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Пиоли имаше договор до крајот на следната сезона, но во клубот изгубија трпение и го отпуштија во самиот финиш на тековната. Одлуката ги забрза гласините дека Пиоли без знаење на Интер преговара со Фиорентина, да го замени Пауло Соуза, кој заминува на крајот од првенството.

Веки ќе биде привремено решение, а останува да се види кој ќе ја добие задачата да ги вади жешките костени следната сезона и да го извлекува од калта фудбалскиот клубски великан. Некои желби се одамна познати. Прва е Антонио Конте кому кинеските сопственици на Интер се спремни да му понудат солидна сума за плата по сезона, но тој не сака да си замине од Челзи. Желба е и Диего Симеоне, но и тој е задоволен во Атлетико.

Најголеми се шансите за Лучијано Спалети, кој е поблиску до заминување од Рома отколку до останување во „Римската волчица“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Роналдо има неколку големи желби кои сака да ги оствари пред да се пензионира

Иако има 39 години, Кристијано Роналдо не размислува за фудбалска пензија, а медиумите пиш…