Дома Останати Тенис Зверев: Тоа што прават Ѓоковиќ, Надал и Федерер може никогаш да не се повтори

Зверев: Тоа што прават Ѓоковиќ, Надал и Федерер може никогаш да не се повтори

Eден од оние кои се воодушевени од доминацијата на Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Рафаел Надал е Германецот, Александар Зверев.

Откако Надал го освои УС Опен победувајќи го Медведев во големото финале се дојде до бројка големата тројка да има освоени 54 Грен слем титули од последните 64 и тоа се неверојатни 84%.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Зверев смета дека тоа е лудо и дека тенискиот свет можеби никогаш повторно нема да види нешто слично.

„Ова е лудо. Можеби никогаш нема да доживееме нешто слично. Тие се посебни играчи бидејќи играат најдобро во најтешките и најважните моменти. Надал и Федерер во такви случаи стануваат непобедливи, неверојатно е и што се може Ѓоковиќ“, изјави Зверев.

Инаку Федерер досега има 20 освоени Грен Слем титули, Надал една помалку, Ѓоковиќ четири помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Пред 17 години на денешен ден Федерер и Надал го одиграа најчудниот меч досега

На денешен ден, 2007 година, Рафаел Надал и Роџер Федерер го одиграа веројатно најчудниот …