Наполи во новата сезона во Серија А започна со победа и пораз, но таквиот учинок не го загрижува нивниот стопер Калид Кулибали кој е убеден дека тие ќе го освојат Скудетото.
Кулибали беше трагичар во големото дерби против Јувентус кога неговиот тим стигна негатива од 3:0, но тој во судиското продолжение си постигна автогол со кој донесе победа на големиот ривал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Стоперот е убеден дека оваа сезона тие ќе ја прекинат доминацијата на Јувентус.
„Навивачите на Наполи прават се за да се чуствуваш убаво. На тоа сум сведочел повеќе пати. Не само кога сме на терен туку и во секојдневниот живот. Кога ќе имам тежок ден како грешките во дербито против Јувентус тие се тука да ме утешат. Ми помогнаа брзо да се опоравам“.
„Кој ќе ја освои титулата? Наполи. Запишете го тоа. Верувам во тоа, поразот во Торино не остави трага. Сезоната само што почна“, изјави самоуверено Кулибали.
Наполи како што споменавме во второто коло беше поразен од Јувентус, додека во првото против Фиорентина исто така во натпревар со многу голови ја победи Фиорентина (4:3).