Дома Останати Кошарка ФИБА ги објави кандидатите за МВП на Мундобаскетот

ФИБА ги објави кандидатите за МВП на Мундобаскетот

Светската кошаркарска федерација ФИБА ја објави листата од 12 кандидати кои ќе се натпреваруваат за наградата МВП на Мундобаскетот во Кина.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Еден од оние кошаркари кои се најдоа на листата е Србинот Богдан Богдановиќ кој на Далечниот Исток покажа навистина одлични настапи. Богдановиќ по натпревар постигнуваше 21.7 поени и е четврти најдобар стрелец на турнирот.

Сепак, шансите да ја добие МВП наградата за него се минимални или никакви со оглед на тоа дека неговата Србија беше елиминирана уште во четвртфиналето од Аргентина.

Останатите кандидати се: Факундо Кампацо, Луис Скола, Пети Милс, Џо Инглес, Рики Рубио, Марк Гасол, Матеуз Понитка, Донован Мичел, Руди Гоберт, Еван Фурниер и Томас Саторански.

Мундобаскетот се приближува до самиот крај. Денес се играа полуфиналните средби во кои ќе се сретнат Србија – Австралија и Франција – Аргентина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Oва би било спектакл: Ќе заигра ли Леброн со Јокиќ?!

Еден од најголемите кошаркари во историјата, ЛеБрон Џејмс, стана слободен играч откако одл…